Кики го најави спектаклот на Х фактор во Македонија без Македонецот!

Очигледно е дека  славата малку повеќе му удри во глава, па Даниел Кајмакоски, оној кој важеше за скромен и шармантен, оној кој постојано вели дека ги сака своите обожаватели, не се појави на првата прес конференција во Македонија посветена на Х фактор.

Веќе е јасно дека излишни ќе бидат сите негови оправдувања, секое негово извинување нема да биде доволно да ја избрише тагата на десетината девојчињата кои со насмевки го чекаа својот идол. Оние девојчиња кои  ги молеле родителите да ги донесат или оние девојчиња кои дури избегале од часови за да го видат својот миленик кој досега го гледаа само на малите екрани.

DSCN2605

За среќа, менторот Кики Лесандриќ и милата Тамара Милановиќ, откако го најавија спектаклот на 14 март во спортскиот центар Борис Трајковски, останаа на дружба со девојчињата, се фотографиира и им поделија автограми.

DSCN2590

Кратко пред големото финале на балканскиот Х фактор, Кики најави голема журка со ѕвездите на шоуто и групата Пилоти, како најава на она што ќе се случува во Белград.

Како што појасни Кристијан Стефановски, од продукцијата План Б, организатор на концертот, Даниел никадо го нема.

„Сите се сместени во ист хотел, а утрово Даниел не беше таму. Го баравме,  но не можевме да го добиеме“, појасни Кристијан кој додаде дека наскоро ќе дадат соодветно објаснување за неговото отсуство од прес конфернецијата.

DSCN2603

Голем број на новинари дојдоа со желба да добијат одговори на своите прашања од единствениот македонски претставник на шоуто по кое полуде Балканот.

Додека сите се прашуваа каде е Даниел, Кики го најави големиот концерт кој ќе се случи на 14 март. Покрај неговата група Пилоти, како што нагласи Кики, ќе се обиде во Скопје да ги донесе сите учесници на шоуто, иако дотогаш повеќето ќе испаднат и ќе останат најдобрите тројца.

DSCN2576

Одговарајќи на новинарски прашања, стариот рокер истакна дека меѓу жирото тој е музички демократ и дека во сите учесници гледа големи и успешни ѕвезди, но Даниел и Тамара се од светски калибар, додека гласниот Маид е типичен балканец. Додаде дека како ментор и музичар ќе продолжи да работи со сите кандидати и дека веќе има подготвено песни за Даниел, Тамара и Алекса.

Насмеано, Кики изјави дека Даниел веќе е рок ѕвезда и дека сигурно синоќа, по манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ сигурно заглавил со некоја девојка.

Но, ако рано си легнал, тогаш каде е?

1899072_10203329128573836_1740700678_n

Симпатичната Тамара рече дека е прв пат во Скопје и дека е блиска со Даниел, но дека сите учесници се блиски и многу се дружат. Одговарајќи на новинарски прашања таа додаде дека во финалето покрај себе би сакала да ги види Даниел, Алекса и Доктори. Таа додаде дека на почетокот најмногу се плашела од коментарите на Жељко Јоксимовиќ, но сега најважен е и одговорот на нејзиниот ментор Кики. На прашањето како се носи со славата, Тамара, истакна дека не се чувствува како ѕведза и дека уште е рано.

И така, првата пресконференција за Х фактор, за големиот концерт, за финалето, во Македонија помина без македонскиот претставник, па само се надеваме дека Даниел Кајмакоски, ќе даде соодветно објаснување, и за новинарите, и на обожавателите, бидејќи како што коментираа присутните, тие ја даваат и тие ја земаат славата.

И за биде уште поразочарувачки, Даниел не се појави на прес само десетина часа откако ја доби Златната бубамара за открие на годината, епа откривме дека и не е толку скромен, добар и мил како што си мислевме.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.