Кики ќе биде морална поддршка во следните три натрпревари

Најдобриот фудбалер на денешницата и најголема ѕвезда во дресот на шпанскиот гигант Реал (М), Кристијано Роналдо ќе ги пропушти следните три првенствени натпревари во Примера дивизион, поради директниот црвен картон кој го заработи на последниот првенствен натпревар против екипата на Атлетик (Б).

Португалскиот интернационалец нема да биде во комбинација за првенствените натпревари против екипите на Вилјареал (09.02), Гетафе (16.02) и Елче (23.02).

Челниците на Реал (М) имаат право но најкасно до петок, да испратат жалба до Дисциплинската комисија на шпанската Примера дивизион.