Кики Роналдо се уште мисли на Манчестер Јунајтед

Сега веќе најдобриот фудбалер на денешницата, ѕвездата на Реал (М), Кристијано Роналдо, откри дека и понатаму мисли на неговиот поранешен клуб, Манчестер Јунајтед и дека е во постојан контакт со централниот дефанзивец на “црвените ѓаволи”, Рио Фердинанд.

„Често мислам на Манчестер Јунајтед. И понатаму има специјално место во моето срце. Шест години играв на “Олд Трафорд” и многу го сакам тој клуб. Имам многу пријатели во Манчестер и секогаш им посакувам се најдобро во животот. Точно дека сум во постојан контакт со Рио Фердинанд. Рио ми е голем пријател, игравме заедно и бевем соседи. Станува збор за фантастична личност која постојано ме убедува да се вратам во Манчестер”, изјави португалскиот интернационалец.