Кикс на Фиорентина, Партизан беше близу до пресврт (ВИДЕО)

Фиорентина по седум години се врати на европската сцена, но во првото коло од Конференциската лига одигра само 1-1 со РФС Рига на домашен терен.

„Виолетовите“ поведоа со голот на Антонин Барак во 56.минута, но гостите од Летонија се изборија за бод на „Артемио Франки“ во 74.минута, кога погоди Андреј Илиќ.

Партизан одигра луд натпревар на гостувањето кај Словацко, кој заврши 3-3. Домашните водеа со 2-0 по 19 минути игра со головите на Јан Калабиска. Работите од лоши станаа полоши за белграѓани откако Кристијн Белиќ заработи црвен картон во 22.минута. Сепак и со играч помалку „црно-белите“ направија неверојатен пресврт. Најпрво со двата гола на Фусени Диабате дојдоа до 2-2, а Рикардо Гомес погоди за 2-3 во 62.минута. Либор Козак со гол во 83.минута го спаси Словацко од пораз за конечни 3-3.