Кил е нов европски првак – ја „згази“ Барселона

Екипата на Кил е новиот шампион на Европа и наследник на Вардар во Лигата на шампионите. Во големото финале, Кил целосно ја надигра фаворизираната Барселона и извојува убедлива победа.

Германскиот претставник безмалку во текот целиот натпревар имаше водство и целосна контрола врз играта и врз резултатот. Барселона, пак, слично како и лани, во главниот натпревар на годината одигра под своите можности и уште еднаш остана без пехарот во Лигата на шампионите.

Кил ја освои својата четврта титула во најсилното ракометно натпреварување на светот, додека Барселона остана на своите девет титули.

Кил – Барселона  33:28 (19:16)

Во најнепосакуваниот натпревар во Келн, оној за третото место, екипата на ПСЖ убедливо го совлада Веспрем, кој само на почетокот покажа желба за победа, се додека ракометарите на Раул Гонзалез не ги средија своите редови, а потоа се беше во знакот на ПСЖ.

Веспрем – ПСЖ  26:31 (11:14)