Кил продолжува да гази во ЛШ

Синоќа беше одигран еден натпревар од ракометната Лига на шампиони, на кој германскиот шампион Кил славеше на гостувањето кај Ла Риоха со 34:30.

Најзаслужен за оваа победа на гостите беше шпанскиот репрезентативец Хоан Кањељас, кој стрелаше прецизно 11 пати. Дувњак и Палмарсон одиграа солиден натпревар со 5 погодоци.

Со седмиот триумф Кил собра 14 бода, Ла Риоха остана на 7, на третото место. Во истата група Металург е закован на последното шесто место со 2 бода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.