Главниот опозициски ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, прозападно ориентираниот Кемал Киличдароглу на претседателските избори, во четвртокот го заостри тонот кон мигрантите, велејќи дека доколку биде избран на вториот круг на 28-ми мај, ќе ги врати назад во нивните земји.
Кемал Киличдароглу, кандидатот на шестпартиската опозициска коалиција која е поддржана од западните земји, на изборите во неделата освои околу 45 отсто од гласовите, а актуелниот претседател 49,5 отсто од гласовите, повеќе од очекуваното, но за малку не успеа да го освои мнозинството и да го избегне вториот круг.
На трето место е изненадувањето на изборите, националистичкиот кандидат Синан Оган со освоени 5,2 отсто од гласовите, кој е поддржан од антиимигрантската партија, а може да се покаже како решавачки во вториот круг. Се смета дека и покрај тоа што своевремено беше противник на Ердоган, неговите изјави од последните месеци се поблиски до геаостратешката сувереност на Турција којашто ја заговара актуелниот претседател, отколку до прозападните ставови на Киличдароглу.
Говорејќи пред сопартијците во седиштето на Републиканската народна партија (CHP) Киличдароглу ја критикуваше мигрантската политика на Ердоган.
„Ердоган, намерно дозволивте десет милиони бегалци да влезат во Турција. Продадовте турско државјанство за да обезбедите гласови“, тврдеше Киличдароглу.
Според официјалните податоци, четири милиони бегалци живеат во Турција, која е најголемата бегалска популација во светот во која и да е земја. Главно тоа се бегалци од со 13-годишната граѓанска војна разорена соседна Сирија, и тоа од тамошната туркофона заедница.
„Овде објавувам: Кога ќе бидам избран за претседател, ќе ги вратам бегалците во нивните земји“, рече Киличдароглу.
Тој во предизборната кампања најави дека планира да ги испрати Сиријците дома во рок од две години по постигнувањето договор со сирискиот претседател Башар ал-Асад за нивната безбедност, во координација со Обединетите нации (ОН).
Турција изведува последните години воена интервенција на сирискате територија, против тамошните Курди, чии сили се вооруживани и обучувани од САД во наводната бораба против терористичката Исламска држава коишто Анкара ги смета за фракција на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK). Ердоган во кампањата го обвинува Киличдароглу дека соработува токму со курдските сепаратисти. Кирдите во Турција ги има околу 15 отсто од над 82 милиони жители.