Килограм марихуана запленета на Табановце

Цариниците спречија шверц на килограм марихуана на граничниот премин Табановце.

Дрогата била најден во возило од марката „фолксваген голф“ со македонски таблички, кое било управувано од дваесет и седумгодишниот А.И. од Скопје.

3333333333333

Осомничениот два дена пред тргнувањето на пат, од лице кое не го познава, ја купил марихуаната за сума од 400 евра, која била спакувана во две пакувања замотани во црна фолија и залепени со проѕирна селотејп трака. Откако ја купил марихуаната едното пакување го сокрил во просторот кај моторот под филтерот за воздух, додека другото пакување го сокрил позади инструмент таблата, а потоа се упатил кон граничниот премин Табановце со намера истата да ја пренесе до местото Прешево во Србија. Запленетата марихуана на западно европскиот пазар во продажба на големо би достигнала цена од околу 3.000 евра, а доколку би се продавала во помали количини, цената би била неколкукратно повисока.

Осомничениот А.И. е уапсен и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.