Ким Џонг-ун добил лично писмо од Трамп

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун примил лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува во неделата јужнокорејската новинска агенција Yonhap повикувајќи се на извештај на севернокорејската државна новинска агенција KCNA.

Како што наведува во извештајот севернокорејската агенција, откако со запознал со содржината на писмото, Ким „со задоволсто изјавил дека писмото е одлично“.

„Оценувајќаи ја способноста на претседателот Трамо за политичко расудување и неговата извонредна храброст, Ким Џонг-ун, рече дека тој сериозно ќе се размисли над интересната содржина“ на писмото“, пишува KCNA, но притоа не се наведува што точно е содржано во писмото.

Претходно месецов Трамп објави дека добил писмена порака од Ким Џонг-ун, кога оцени дека станува збор за „многу добро и многу топло писмо“.