Ким Џонг-ун на концерт на јужнокорејски уметници во Пјонгјанг

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговата сопруга присуствувале во неделата на првиот концерт на јужнокорејски уметници во Пјонгјанг по повеќе децении, пренесува јужнокорејската службена новинска агенција Yonhap повикувајќи се на министерството за култура.

Концертот е одржан во текот на периодот на попуштања на тензиите на Корејскиот полуостров по две години тензии предизвикани со зачестените нуклеарни и ракетни тестирања од страна на Северна Кореја, но и на денот кога започнаа заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја, на што вообичаено Пјонгјанг жестоко се противи и одговара со нови демонстрации на воена моќ.

Сто и дваесет Јужнокорејци, меѓу кои и ѕвездите на ткн К-поп, кои претставуваат 11 групи, танчари, техничари, пристигнаа во саботата во Пјонгјанг каде што приредија концерт за севернокорејскиот челникот, неговата сестра и Ким Јонг-нам, почесниот претседател на Северна Кореја. Концертот е одржан во голем театар во источен Пјонгјанг кој има 1.500 седишта.

„Тој покажа голем интерес за песните и текстовите во текот на концертот“, изјави До Џонг-хван, шеф на јужнокорејската делегација.

Јужнокорејските спортисти демонстрираа теквондо пред 2.300 лица во неделата. Во вторник јужнокорејските уметници ќе одржат претстава заедно со севернокорејските во салата „Рјунгјонг Џонг Џу Јон“, којашто може да прими 12.000 посетители.

Годинешните Зимски олимписки игри во Јужна Кореја беа главниот катализатор за извонредно рапидното попуштање на затегнатите односи меѓу Северот и Југот.

Меѓукорејскиот самит меѓу Ком Џонг-ун и Мун Јае-ин, третиот од овој вид по средбата од 2000 и 2007 година, ќе се одржи на 27-ми април во Панмуџом, место во Демилитаризираната зона којашто го дели Полуостровот, каде што на 27-ми јули 1953 година е потпишано примирје по тогашната тригодишна Корејска војна, но не и мировен договор што значи дека технички двете земји сѐ уште се во војна.

Засега не е одреден датумот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг-ун, кој започна со меѓународни дипломатски средби минатата седмица во Пекинг со кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Дополнителен сигнален за попуштањето е тоа што заедничките воени вежби на Јужна Кореја и САД кои започнаа во недела и секоја година крајно го иритираат Пјонгјанг се скратени за еден месец, а Северна Кореја засега воопшто не реагираше на нив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.