Ким Џонг-ун стана Врховен претставник на „секорејскиот“ народ

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун доби уште една титула која може да предизвика реакции од соседна Јужна Кореја, бидејќи сега државните медиуми го ословуваат со „Врховен претставник на секорејскиот народ“.

Новата титула првпат се појави пред два дена во извештаите за новоизбраниот парламент на Северна Кореја.

„Тврдењето дека е лидер на сите Корејци навистина е во согласност со долгорочната цел на Ким Џонг-ун за повторното обединување на Корејскиот полуостров под негово водство. Новата титила оттаму претставува раскинување со минатото и отворен предизвик за јужнокорејскиот претседател“, напиша Рудигер Франк од Виенскиот универзитет за порталот 38North кој ги следи и анализира настаните во Северна Кореја.

Засега нема официјални реакции на владата во Сеул. Јужнокорејските аналитичари веруваат дека целта на новата титула на Ким е да се зајакне неговата позиција. Досега Пјонгјанг избегнуваше отворено да се изјасни за водство над целиот Корејски полуостров.

Ким и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин минатата година се сретнаа трипати. На првиот самот во април се договорија Корејскиот полуостров да биде потполно денуклеаризиран. Заедничката декларација не содржи конкретни мерки за намерите како да се постигне нуклеарното разоружување, но самитот приоднесе за големо подобрување на односите меѓу двете Кореи.

Северна Кореја претходно оваа седмица на седмицата на собранието го именуваше новиот номинален шеф на државата, Чо Рјонг Хае наместо Ким Јонг Нам кој на оваа должност беше од 1998 година. Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун е избран за претседател на Комитетот за државни прашања, објави во петокот службената новинска агенција KCNA.