Ким ги прегледал снимките од шпионскиот сателит на „целените зони“

Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун ги прегледал фотографиите на „главните цели“ кој ги снимила новиот неодамна лансиран шпионски сателит, вклучително и јужнокорејската престолнина Сеул и градоввите во кои се наоѓаат американските воени бази во регионот, објавија во саботата државните медиуми.

Северна Кореја, којашто поседува нуклеарно оружје, како и интерконтинентални балистички проектили, во вторникот по неколкуте неуспешни обиди го лансираше својот прв сателит за надзор.

Ким фотографиите ги прегледал во текот на посетата на контролниот центар на Националната управа за вселенска технологија (NATA) во главниот град Пјонгјанг, извести државата новинска агенција KCNA.

Фотографиите се снимени кога сателитот во петокот утрото го надлетал Корејскиот полуостров. На нив се Саул, како и градовите Мокпо, Кунсан, Пјонгтаек и Осан во кои се сместени американските и јужнокорејските воени бази.

„Националната управа за вселенска технологија му го презентираше на Ким Џонг-ун планот за фотографирање на регионот на јужнокорејските марионети и дополнителниот процес на подготување на сателитот за надзор“, се вели во извештајот на KCNA и се додава дека тој проес ќе продолжи и во саботата.

Водечките дипломати на САД, Јужна Кореја и Јапонија зборуваа во петокот и „остро го осудија лансирањето (на 21-ви ноември) поради неговиот дестабилизирачки ефект врз регионот“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Претходно оваа седмица KCNA објави дека Ким ги разгледувал снимките направени над американската пацифичка територија Гуам каде што е стационирана голема поморска-воздухопловна база на американските воени армија.

Јужнокорејскиот министер за одбрана Шин Вон-сик во четвртокот изјави дека Северна Кореја „претерала“ велејќи дека Ким веќе гледал снимки од Гуам. Јужнокорејските одбранбени претставници и аналитичари велат дека способностите на сателотот не се независно проверени.

„Дури и да влезе во нормална орбита, потребно е значително време за да се изврши нормално извидување“, ја цитира службената јужнокорејска новинска агенција Yonhap неговата изјава.

Во засебен извештај на KCNA, севернокорејските власти ги критикуваат САД поради нивното вооружување на „марионетите“ во регионот и предупредуваат дека и најмалата искра на Корејскиот полуостров же резултира со глобална нуклеарна војна.

„На Соединетите држави би им било подобро да размислат за катастрофалните последици од доставувањето оружје на своите марионети“, пишува агенцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.