Ким го одреди курсот на односите со Јужна Кореја

53

Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун го одреди правецот во кој неговата владејачка Работничка партија ќе се движи во односите со Јужна Кореја и во надворешните работи, извест во средата севернокорејската државна новинска агенција KCNA.

Ким во јануари побара од своите соработници понапредно нуклеарно вооружување и порача дека САД се „нашиот најголем непријaтел“, поставувајќи жесток предизвик за новиот американски претседател Џо Бајден само неколку дена пред да ја преземе должноста.

Ким Џонг-ун, кој својата моќ ја зацврсtи на јануарскиот конгрес кога беше именуван и за генерален секретар на Работничката партија, на вториот ден од пленараното заседание во вторникот продолжиl со дискусијата за новиот петгодишен план за политиките кои ќе ги спроведува Пјонгјанг.

„Генералниот секретар во извештајот ги откри воените задачи кои Народната војска и индустријата за вооружување ќе ги извршат оваа година, како и насоката за идните активности кои ќе ги преземе секторот задолжен за работите со Јужна Кореја, како и секторот задолжен за надворешни работи, пред да ја истакне потребата да бидат темелно извршени“, извести KCNA.

Иако го поставил прашањето за преформулирање на односите со Јужна Кореја „како што изискува преовладувачката ситуација и промената на времињата“, Ким го критикувал Сеул поради нудењето соработка во „нетемелните“ сфери, како помош за Covid-19 и туризмот, и рекол дека Јужна Кореја треба да го запре купувањето оружје и спроведувањето на постојаните воени маневри со САД.

Во извештајот нема повеќе податоци за заседанието, но KCNA известува дека тоа ќе продолжи најмалку уште еден ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.