Ким Јонг ун ја повика армијата да биде способна да се спротистави на САД

Лидерот на Северна Кореја, Ким-Јонг-ун ја повика армијата да се модернизира и да гарантира дека е способна да победи во секој евентуален судир со САД.

Тој ја потенцира неопходноста од зачувување на славната историја и традиција вооружените сили  да бидат во служба на партијата, да извојуваат една победа по друга во евентуалните судири со САД и да ја исполнуваат својата задача како ударна сила и лидер во изградбата на една простеритетна нација.

Претходно, американскиот претседател Барак Обама ја предупреди Северна Кореја дека е подготвен да ја употреби својата воена моќ за да ги заштити американските сојузници.