Ким Јонг Ун побарал од Трамп нов самит

Американскиот претседател, Доналд Трамп добил писмо од Северна Кореја во кое се бара да се „закаже втор самит“ со претседателот Ким Јонг-Ун.

Од Белата куќа велат дека Северна Кореја покажала знак на добра волја во разговорите со тоа што не ги изложи интерконтиненталните балистички ракети на вчерашната воена парада во Пјонгјанг по повод 70 годишнина на Северна Кореја.

Првиот самит меќу двата претседатели се одржа на 12 јуни во Сингапур, а секретарот за печат на Белата куќа, Сара Хукаби Сандерс го потврди приемот на писмото на прес-конференција.

Таа го опиша како „топло“ и „позитивно“, но рече дека писмото нема да биде јавно објавено во целост.

Тоа е нешто што сакаме да го постигнеме, рече Сандерс за билатералната средба меѓу лидерите, додавајќи дека администрацијата се веќе во процес на координирање.

Претседателот Трамп беше критикуван поради недостигот на конкретни договори кои ќе излезат од самитот во Сингапур.