Ким Јонг Ун си го уби тетинот, но тетка му останува во власта

Влијателната тетка на севернокорејскиот лидер Ким Конг Хуи останува во високите кругови на власта иако нејзиниот сопруг беше прогласен за предвник и убиен со стрелање.

Џанг Сонг Тека кој се сметаше за „втор човек“ во Северна Кореја беше погубен, според соопштенијата,  пради предавство. По неговото погубување не се знаеше судбината на неговата сопруга, тетката на Ким Јонг Ун, но таа доби нова задача – да го организира погребот на претседателот на партиската централна комисија за инспекција Ким Кук те.

Со тоа се потврдува дека таа ја задржува позицијата на членка на комисијата за погреб на членови на владејачката Корејска работничка партија, што се смета за престижна позиција!

Ројтерс објаснува дека членството во комисијата за погреби покажува висок официјален статус во Северна Кореја. Нејзини членови се и номиналниот лидер на земјата Ким Јонг Нам, премиерот Пак Понг Џу и вицемаршалот Чо Рјонг Хае.

Уште еден доказ за тоа дека погубувањето на сопругот не влијаело на позицијата на неговата сопруга е тоа што таа била покажана на државната телевизија во еден од документарците кои ги слават достигнувањата на лидерот.