Ким му испратил порака на Трамп за нуклеарните преговори

 

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун му испратил на американскиот претседател Доналд Трамп „помирлива порака“ во моментот кога преговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја западнаа во ќорсокак, пишува во понеделникот јузжзнокорејскиот дневен весник Chosun Ilbo.

Пораката на Ким Џонг-ун, која била содржана во писмо била предадена во петокот, наведува весникот повикувајќи се на неименувани дипломатски извори. Во написот не се наведуваат поединости од пораката, но се истакнува дека се писмото се однесува на преговорите меѓу двете земји и оти имало помирлив тон.

Претходно во неделата кабинетот на јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин објави дека Кум Џонг-ун му испратил писмо на колегата во Сеул во коешто му порачува дека посакува повеќе меѓукорејски средби во следната година, за да се постигне целосно нуклеарно разоружување на Корејскиот полуостров.

Ниту американското министерство за надворешни работи, ниту американската амбасада во Сеул не го коментирале написот за пораката на Ким до Трамп. Кабинетот на Мун, исто така, не сакал да го потврди пишувањето на Chosun Ilbo.

„Има канал за дијалог меѓу Северна Кореја и САД преку кој активно комуницираат, но не знам дали тоа имало форма на писмо или на нешто друго“, изјавил во понеделникот портпаролот на јужнокорејскиот претседател Мун, на прес-конференција.

Трамп се сретна со Ким во јуни во Сингапур, кога стана првиот американски претседател на власт кој се ракувал со еден од династијата Ким којашто ја основаше комунистичка Северна Кореја во 1948 година. Иако американскиот претседател редовно ја споменува новата средба со севернокорејскиот челник, преговорите за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров, според се’ судејќи, се во застој.

Пјонгјанг ненадејно во последен момент без обајснувања ја откажа средбата предвидена во ноември во Њујорк, меѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и соработникот на севернокорејскиот лидер за надворешни работи Ким Јонг-чол. Американската дипломатија ветуваше презакажување на новата средба, но досега тие изјави се без резултат, а Стивен Биеган, специјалниот пратеник за Северна Кореја на американскиот државен секретар, именува во август, уште не ги започна разговорите со севернокорјеските колеги.

Во меѓувреме, САД воведоа санкции против уште тројца севернокорејски функционери, вклучително и блискиот соработник на Ким, поради „цензура и постојани и сериозни кршења на човековите права“.

Двете страни имаат тешкотии во остварувањата на своите ветувања, а допрва треба да договорат и нов термин а состанок меѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и високиот севернокорејски функционер Ким Јонг Чол, по ненадејното откажување на нивната средба во ноември. Државните медиуми во Пјонгјанг, му оддаваат признание на Трамп за неговата подготвенсот да ги продолжи дијалогот, но го нападнаа Стејт департментот поради јакнењето на санкциите.

Преговорите во застој имаа влијание и врз меѓукорејските односи, па така Ким не го посети Сеул оваа година, како што беше договорено на самитот на двете коре во септември во Пјонгјанг. Сппоред портпаролот на Мун, Ким во посмото до јужнокорејскиот претседател рекол дека жали затоа што не се остварила неговата планирана посета на Сеул, изразувајќи „цврста решителност“ тоа да се случи. Весникот Chosun Ilbo пишува дека Ким во писмото до Мун порачал дека би допатувал во Сеул во блиска иднина, по новогодишното обраќање на нацијата во вторник. Новогодишното обраќање на Ким дава ретка можност за настап во јавноста на младиот севернокорејски лидер и со внимание тоа го следат соседните држави, бидејќи ги отрива насоките на внатрешната и на надворешната политика на Пјонгјанг.