Ким најави затворање на нуклеарниот полигон во мај, покани американски експерти

Севрнокорејскиот челник Ким Џонг-ун понуди во мај да го затвори полигонот за нуклеарни проби и повика американски експерти, објави официјален Сеул во неделата, додека американскиот претседател Доналд Трамп покажа оптимизам околу можноста да се постигне нуклеарен договор со Пјонгјанг.

Ваквото севернокорејско ветување коешто го соопшти кабинетот на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, е последната во низата слики од дипломатската бура којашто последните месеци ги зафати Корејскиот полуостров со историскиот меѓукорејски самит одржан во петокот. Ким и Мун притоа се договорија преку „тоталната денуклеаризација“ да дојдат до „Корејски полуостров без нуклеарно оружје“.

Северна Кореја со години објавуваше дека никогаш нема да се откаже од своето нуклеарно оружје, коешто му е потребно за заштита од американската инвазија. Сега, откако Ким објави дека неговата комунистичка земја станала нуклеарна сила, тој има и оправдување пред самиот Пјонгјанг и со сојузниците да преговара со Вашингтон како „рамноправен“ соговорник. Иако, уште со години наназад некои аналитичари експерти за Далечниот исток сметаат дека неговите чекори се во насока да им овозможи оправдување на САД за поголемо воено присуство на Корејскиот полуостров и во регионот.

„Ким кажа на самитот со претседателот Мун дека ќе пристапи кон затворање на полигонот во мај, како и дека наскоро ќе повика стручњаци во Јужна Кореја и САД, како и новинари а ќе отвори ѝ ја отвори постапката на меѓународната заедница на транспарентен начин“, изјави Јун Јунг-чан, портпарол на Сината куќа, резиденцијата на јужнокорејските претседатели.

„Јун изјави дека ‘САД ме смета одбоен но еднаш кога ќе разговараме ќе увидат дека не сум некој кој ќе истрелува нуклеарно оружје врз Југот или САД или ќе ги гаѓа САД. ‘Доколку се гледаме често со Вашингтон, ако градиме доверба, ја прекинеме војната и ни ветат дека нема да има инвазија, зошто би живееле со нуклеарно оружје?’“, го цитира јужнокорејскиот портпарол севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун.

Може да се претпостави дека овие изјави ќе бидат сфатени како „морков“ пред со нетрпение очекуваниот самит меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп. Средбата на врвот ќе се случи „во следните три или четири месеци“, изјави Трамп на собирот со своите приврзаници во Мичиген и „ќе биде многу важен“.

Трамп вети дела „ќе ѝ направи голема услуга на планетата“ со постигнување договор за нуклеарното вооружување со Пјонгјанг. Американскиот претседател досетливо во моменталниот детант ја стави својата ролја во преден план, преки она што неговата администрација го нарекува „Максимална кампања на притисок“, односно комбинација од многу строги (воинствени) изјави, јакнење на санкциите и дипломатска изолација на Северна Кореја.

„Се сеќавате ли што зборуваа? ‘Ќе не вовлече во нуклеарна војна’. Не силата ќе не сочува од нуклеарна војна, нема да нѐ вовлече во неа“, изјави Трамп. Меѓутоа, предупреди, исто така, дека самитот може да биде многу кус. „Што ќе биде, ќе биде. Можам да отидам. Може би нема да функционира. Во тој случај заминувам“, рече Трамп.

Според телевизијата CBS News, којашто во саботата се повика на два неименувани извора, се разгледуваат две локации за самитот меѓу Трамп и Ким, а тоа се Монголија и Сингапур.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.