Ким нуди обновување на меѓукорејската итна линија, ги критикува САД

Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун изјавил дека е расположен следниот месец да ги обнови прекинатите меѓукорејски директни итни линии, но ги обвинил САД дека предлагаат преговори без да ја промнат својата „непријателска политика“ кон неговата земја, објави во четвртокот севернокорејската службена новинска агенција KCNA.

Изјавата Ким ја дал во текот на седницата на Врховното народно собрание, кое заседава втор ден и на кое се дискутира за владината политичка, економска и општествена агенда.

Северна Кореја претходно седмицава тестираше досега невидена надзвучна ракета, придружувајќи се во трката за напредните системи вооружување што ја водата големите воени сили, и повторно бараше Јужна Кореја и САД да ги укинат своите двојни стандарди за развој на оружјето.

Ким изразил подготвеност за повторно поврзување на меѓукорејските телефонски лини почнувајќи веќе во октомври, но ја критикувал „заблудата“ на Сеул во врска со она што таму го нарекуваат „воени провокации“ од Пјонгјанг.

Јужнокорејскот министерство за обединување, кое е одговорно за меѓукорејските односи, ја поздравило понудата на Ким за обновување на телефонските линии, но не ги коментирало неговите други забелешки, пренесува јужнокорејската новинска агенција Yonhap.

Ким бил поостар кон Вашингтон, обвинувајќи ја администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден дека „користи полукави начини и методи“ продолжувајќи со воените закани, додека истровремено и натаму нуди преговори.

„САД прокламираат ‘дипломатски ангажман’ и ‘дијалог без услови’, но тоа е само ситен трик да ја измами меѓународната заедница и да ги прикрие своите мепријателски дела“, го цитира KCNA севернокорејскиот водач.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.