Ким Јонг Ун е во кома, дел од овластувањата ги предал на сестра му

Поранешен соработник на починатиот претседател на Јужна Кореја, Ким Дае Јунг, Чанг Сонг Мин изјави дека има причини да верува оти севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун е во кома.

Зборувајќи пред јужнокорејските медиуми, неколку денови откако Ким Јонг Ун предал некои овластувања на својата помала сестра, Чанг Сонг Мин предупреди дека тоа може да доведе до катастрофа.

„Претпоставувам дека е во кома, но неговиот живот се уште не завршил“, изјави Чанг Сонг Мин.

Чанг Сонг Мин вели дека медиумите објавувале фотографии каде што се гледа дека Ким Јонг Ун присуствувал на владини средби во четвртокот, но новинската агенција „Ројтерс“ не можела да ја провери веродостојноста на фотографиите.

Севернокорејскиот претседател, за кој се вели дека е на возраст од 36 години, оваа година само неколку пати се појави во јавноста што потикна бројни претпоставки дека можеби е починат или е сериозно болен.