Ким Џонг-ун повика на зголемување на воената моќ на Северна Кореја

12

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун повика на зголемена воена моќ и поголема можност за спречување на нуклеарната војна, јави државната агенција КЦНА на крајот од редовниот конгрес на владеачката Работничка партија, по осумдневните политички дебати.

-Ние мора да сториме се што е во наша моќ за натамошно зголемување на можноста за одвраќање од нуклеарна војна, со тоа што ќе ја градиме нашата најсилна воена подготвеност, кажа Ким во заклучокот од конгресот, пренесуваат британските медиуми.

Ким минатата недела изјави дека ќе ја прошири борбената подготвеност на земјата за подобро да ја брани и повика на „поставување на државните одбранбени способности на многу повисоко ниво“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.