Ким Џонг-ун во критична состојба по операција

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун е во критична состојба по операција, пренесуваат во вторникот американските медиуми, , но оваа информација ја демантираат извори во јужнокорејската влада и функционер на кинеската Комунистичка партија.

Американската телевизија CNN, повикувајќи се на разузнавачки извор, јави дека Ким Џонг-ун е во „голема животна опасноста по операција“. Како што наведе телевизијата Ким на 15-ти април првпат по многу години Кимсусанскиот дворец на Сонцето на церемонијата во знак на роденденот на неговиот дедо Ким Ил-сун, што создало сомневања.

Јужнокорејскиот интернетски дневен весник Daily NK, специјализиран за вести од Северна Кореја, објави во вторникот дека Ким е на лекување по кардиоваскуларен зафат на 12-ти април.

Јужнокорејската новинска агенција Yohnap, повикувајќи се на претставник на министерството за обединување во Сеул, пренесе дека не се забележани никакви ситуации, ниту има информации кои би говореле за влошената здравствена состојба на Ким.

Од друга страна, германската агенција DPA, објави дека два извора во јужнокорејската влада и функционер на Комунистичката партија на Кина, кој сакал да остане анонимен, рекле дека Ким Џонг-ун е е тешко болен. Извештаите за неговата здравствена состојба не се вистинити.