Ким повика на обединување на двете Кореји

91
ЕУ со нови санкции против Северна Кореја
ЕУ со нови санкции против Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг – Ун денес ги повика амбасадорите на земјата енергично да се заложат за создавање на поволни надворешни услови за повторно обединување на Северна и Јужна Кореја, објави Танјуг повикувајќи се на ТАСС.

– Севернокорејските амбасадори разговараа на собирот во Пјонгјанг за методите за спроведување на надворешна политика на Работничката партија на Кореанците, се наведува во извештајот на руската агенција.

Ким изрази надеж дека севернокорејските амбасадори ќе се заложат во меѓународната арена за создавање „поволни услови за изградба на растечката моќ на Северна Кореја и повторно обединување на северот и југот на Корејскиот полуостров“, наведува ТАСС.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.