Ким првпат официјално ги споменaл разговорите со САД

Севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун претседаваше со партиски состанок во понеделникот на кој првпат официјално прозборел за разговорите со САД, извести во вторникот официјалната севернокорејска новинска агенција KCNA.

Ким Џонг-ун го претставил извештајот пред високите функционери на партијата, единствената во комунистичката земја, „за состојбата на Корејскиот полуостров“. Зборувал и за развојот на меѓукорејските односи во пресрет на самитот со Јужна Кореја на 27-ми април.

Ким зборувал и за „перспективите на дијалогот меѓу САД и Демократска Народна Република Кореја (што е официјалниот назив за Северна Кореја), што е првпат KCNA да извести за најавениот самит со Вашингтон.

Севернокорејската агенција јавува и дека Ким Џонг-ун поствил „стратешки и тактички прашања“ коишто треба да ги прифати неговата Работничка партија.

По месецеите тензии и закани со војна поради нуклеарната и ракетна програма, кон крајот на мај е најавена можна историска средба меѓу им. Американскиот лидер ја потврди можноста за одржување на самитот, но Северна Кореја досега не го споменуваше тоа.