Ким во Ханој донесе „мерцедес“, дали се прекршени санкциите?

Од претходно е познато дека некогашниот швајцарски студент а сега севернокорејски челник Ким Џонг-ун ги обожува луксузните лимузини на германскиот производител на возила „Mercedes“, страст која ја дели со неговиот починат татко Ким Џонг-ил, како и со дедо му Ким Ил-сунг.

Тоа беше потврдено во вторникот кога Ким Џонг-ун се истовари од возот со кој преку Кина пропатува 4.000 километри до градот Донд Данг на виетнамската граница и потоа влезе во Виетнам со блиндираниот „Mercedes-Maybach S600 Pullman Guard“ со кој допатува во Ханој каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Виетнамските медиуми пренесуваат дека Ким својот омилен автомобил го донел од Северна Кореја, што може да се протолкува како кршење на санкциите на Обединетите нации кои, меѓу другото, забрануваат и тргување со луксузни производи со оваа изолирана комунистичка земја.

Ким, кој со Трамп ќе разговара во среда и во четврток, користеше блиндирани возила од моделот „Pullman“ и во текот на неговиот историски самит со Трамп во Сингапур ланскиот јуни, и со јужнокорејскиот претседател Мин Џае-ин на Корејскиот полуостров.

На состаникот со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Пјонгјанг, Ким се довезе во модел на „Rolls-Royce“, па се појавија нагаѓањате дека лимузините од марката „Mercedes“ повеќе не му се омилени.

Според пишувањето на јужнокорејскиот дневен весник Chosun Ilbo од ланскиот октомври, повеќе од четири милијарди американски долари потрошил на лускузни автомобили, часови и накит, откако дојде на власт кон крајот на 2011 година.

Коцернот „Daimler“, чиешто седиште е во германски Штутгарт, повеќепати негираше дека му продава „мерцедеси“ на Ким. „Компанијата не работи со Северна Кореја повеќе од 15 години и строго се придржува до американскита и европските прописи“, соопштија од Daimler во вторникот.