Кина ја лансираше првата мисија на Марс

Кина денеска ја лансираше својата прва мисија на Марс, пренесува aгенцијаta Анадолија.

„Мисијата, наречена Тианвен-1, беше лансирана од вселенскиот центар Венчанг во јужната кинеска покраина Хаџнан и тоа на ракетата Долг Марс-5“, објави кинеската државна новинска агенција „Хсинхуа“.

Управата за вселенски истражувања соопшти дека вселенското летало по 2.000 секунди, успешно влегло во планирана трансфер-рута Земја-Марс. Мисијата Тианвен-1 на „црвената планета“ би требало да стигне по седум месеци.

Тоа е прва кинеска мисија и прва истражувачка мисија на Марс која истовремено вклучува праќање на летала и ровери кои би требало да вршат истражување на самото тло на Марс.