Кина ја лансираше првата ракета на течно гориво

Кинеската компанија „Space Pioneer“ во неделата успешно ја лансираше во Вселената својата прва ракета на течно гориво „Tianlong-2“, што претставува прво комерцијално лансирање од ваков вид во Кина, објави списанието Science and Technology Daily.

Лансирањето се случило во 16,48 часот по локално време, односно 10,48 часот по македонско време, од космодромот Џиукуан во северозападната кинеска провинција Ганси. Притоа со споменатата ракета носач успешно е лансиран сателитот „ Ai Taikun Kexue“ во орбитата на Земјата.

Како што истакнува списанието, ракетата „Tianlong-2“ е тристепена ракета носач од средна класа, којашто компанија „Space Pioneer“ ја развивала веќе три години, Дијаметарот на ракетата изнесува 3,35 метри, должината 32,8 метри, масата при полетувањето 153 тони а полетниот потисок 193 тони, а носивоста во соларно-синхроната орбита на височина од 500 километри – 1.5 тони.