Кина ја одредила цената на јагленот во кризата со снабдувањето со струја

Кинеските државни челници ја одредиле целената цена на термален/термички јаглен за да го стивнат пазарот на клучниот енергенс за производство на електрична енергија во услови на сериозна криза со снабдувањето, рекле за Reuters извори од трговски и енергетстки компании.

Посакуваната цена објавена е во вторникот и во средата на состаноците на Национаклната комисија за развој и реформа (NDCR) и рударите и дистрибутерите и енергетските компании.

Државната агенција за макроекономско планирање сака да ја огранички цената на тон термален јаглен на 1.200 јуани, се дознава од анонимни извори, што би било за 250 до 700 јуани помалку отколку што во средата бараа трговците од покраините Внатрешна Монголија и Шански, водечките во произвдоството на јагленот во Кина.

Националната комисија за развој и реформа објави дека состанокот во средата бил „насочен на разумен дијапазон на цените и на профитната маржа која треба да се одржува за да се поттикнува координирани и одржлив развој на индустријата на јагленот и другите индустрии на енергија“.

Државната агенција не го објави целеното ниво на цени, но тројца големи произведувачи на јаглен во средата соопштија дека горните граници ќе бидат поставени на 1.200 јуани, односно 188 американски долари, по тон во зимската сезона на затоплување.

За произведувачите на електрична енергија и овие 1.200 јуани по тон се премногу, а аналитичарите проценуваат дека за нив прифатливиот распон на цените би бил меѓу 600 и 1.000 јуани зависно од регионот, наведува Reuters.

На подолг рок NDRC во средата предложол референтна произведствена цена од 440 јуани по тон јаглен, со дозволено зголемување за 20 отсто, според неколку извори упатени во дискусиите. Од оваа агенција не одговориле на барањата за коментар во врска со посакуваните цени.

Локалните власти ќе бидат одговорни за насочувањето на цените кои трговците со јаглен и диструбитерите им ги наплаќаат на домаќинствата и за интервенции, каде што ќе биде потребно, додале изворите.

Вчерашниот состанок би требало да ги даде и имињата на компаниите кои намерно ги надувуваат цените на јагленот, истакна државната агенција. Затоа заедно со регулаторот на пазарот на терени испратиле тимови кои ќе ги надгледуваат цените на јагленот на физичкиот пазар во трите најголеми производствени региони во двете покраини Шанкси и Внатрешна Монголија, како и во главното пристаниште за јаглен Јинхуангдао во покраината Хебеи, поверувајќи има задача за „посебен надзор“ на цената на јагленот на физичкиот пазар.

Цената на јагленот во терминските договори во Кина во четвртокот повторни паднаа и сега се речиси за половина пониска во однос на рекордното ниво забележано на 19-ти октомври.

Новите цени требало на сила оваа зима, откако ќе ги одобри владата, толкуваат извори. Владата истовремено во средата соопшти дека ќе ја одложи наплатата на околу 17 милијарди јауни во четвртиот квартал за да им помогне на компаниите кои се занимаваат со јаглен и производство на топлинска енергија во решавањето на оперативните проблеми, а планира и даночно да им олесни на некои ипроизводствени компании.