Кина ја поддржа глобалната иницијатива за вакцинирање COVAX

Кинеското министерство за надворешни работи објави во петокот дека земјата гормално ѝ се придружила на глобалната иницијатива за вакцинирање позната како COVAX, и така стана најголемата економија којашто се обврза на помош во финансирањето дози од вакцини во земјите со ниски и средни приходи.

„На 8-ми октомври Кина и GAVI (Глобалната алијанса за вакцини и имунизација) потпишаа согласност за официјално пристапување кон меѓународниот механизам COVAX. Ова е важен чекор кој Кона го презема за да го исполни верувањето дека вакцината за Covid-19 ќе стане глобално јавно добро“, додава во изјавата Хуа.

Соопштението на министерството не открива поединости за тоа размерите на помошта што ќе ја пружи Пекинг, иако поретседателот Кси Џинпинг во мај вети две милијарди долари во следните две години, за неговата земја да помогне во справувањето со пандемијата на коронавирусот кога засега во светот усмрти милион луѓе.

„Го преземаме овој конкретен чекор за да осигуриме рамномерна дистрибуција на вајцината, особено во земјите во развој и се надеваме дека повеќе богати земји, исто така, ќе се придружат и ќе ја поддржат COVAX“, се истакнува во соопштението на портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг.

Глобалната иницијатива COVAX, која ја предводи Светската здравствена организација (СЗО – WHO), планира да достави најмалку две милијарди дози вакцини до крајот на 2021 година.

„Без разлика на тоа што Кина поседива доволен капацитет за производсво а на нашето истражување и развој во областа на вакцинаа против коронавирусот достигна меѓународно високо ниво, Кина сепак одлучи да се приклучи на COVAX“, додаде портпаролката на кинеската дипломатија.

СЗО претходно објави дека преговара со Кина за незјино вклучување во иницијативата на којашто досега ѝ пристапија 170 земји во свтот, со тоа што засега САД и Русија одлучија да не се придружат.