Кина ја погоди земјотрес со јачина 6,3 степени

Во Кина вчера во 1:45 по локално време е забележан земјотрес со магнитуда 6,3. Епицентарот на земјотресот бил во северната покраина Џингхаи и на длабочина од 10 километри, пренесува Ројтерс.

Жителите на главниот град на провинцијата, Сининг, кажале дека почувствувале силно тресење.

Првично беше објавено дека станува збор за земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер.