Кина ја потврди првата зараза со коронавирус во Вухан од 3-ти април

Кинеските здравствени власти потврдија 14 нови случаи на зараза со коронавирусот во саботата на 9-ти мај, што е најголем број од 28-ми април, а меѓу нив е лице заразено во Вухан кој кон крајот на 2019 година беше жариште на пандемијата.

Кина во четвртокот официјално потврди дека во сите нејзини покраини опасноста од зараза со новиот тип коронавирус е со низок ризик.

Во североисточната покраина Шулан потврдени се 11 заразени случаи, објавено е во неделата, а станува збор за семејства и познаници на жена кој на тестирање на 7-ми мај била позитивна на коронавирусот.

Во градот Вухан, кој беше првото жариште на епидемијата во Кина, се појавил нов случај на заразата, што е првиот регистриран случај од 3-ти април. Според здравствените власти, станува збор за асиптоматски случај.

Преостанатите два случаи на зараза од вкупно 14-те во Куина се увезени инфекции со коронавирусот, наведуваат здравстените власти. Додаваат дека нема нови жртви од респираторната болест Covid-19.

Вкупниот број на заразените во континентална Кина во саботата изнесуваше 82.901 лице, а вкупно од билеста починале 4.633 луѓе, според тамошните здравствени власти. Со овие податоци, Кина е при дното на земјите кои се најпогодени од пандемијата.