Кина бележи најголем број нови коронаинфекции во последните шест месеци

Кинеските здравствени власти пријавија во четвртокот 63 новозаразени со коронаворусот во последните 24 часа, што е најголема бројка од јули, а истовремени се прават обиди да се изолира жариштетот на заразата која се појави во областа околу главниот град Пекинг.

Земјата којашто ги пријави првите случаи на коронавирусот во светот кон крајот на декември 2019 година, летото речиси ја сузби епидемијата благодарејќи на строгата контрола на движењето на населението, сеопштото продржување до епидемиолопшките мерки, карантините и аликациите за следење на контактите преку мобилните телефони.

Но според последните податоци, бројот на заразените и починатите од Covid-19 во Кина деновите се зголемива, иако е многу далеку од бројките кои се пријавуваат во остатокот од светот.

Повеќето новозаразени пријавени во четвртокот се од Шицијажуанг, главниот град на покраината Хeбеи, која го опкружува Пекинг, каде има 51 заразен и 69 асомптоматски случај.

Сите училишта во ова подрачје со 11 милиони жители се затворени. Главните автопати за Шицијажуанг, околу 300 километри јужно од Пекинг, се затворени а меѓуградските автобуски линии за запрени со цел вирусот да не се прошири надвор од градот.

Од здравствено-епидемиолошки причини, главната железничка станица во Шицијажуанг е затворена и повеќе не прима патнции, објви јавната телевизија CCTV.

„Вчера се тестирав, но сѐ уште не ги добив резултатите. Без нив не можам да излезам од градот“, изјави млада жена анкетирана во прилогот на CCTV.

Според официјалните одатоци на кинеските здравствени власти, од почетокот на епидемијава во Кина се регистрирани 4.634 починати и повеќе од 87.000 заразени, од кои најголемиот дел се во Вухан, градот со 11 милиони жители во централната покраина Хубеи, од каде пред повеќе од една година првпат се слушна за новиот коронавирус SARS-CoV-2.