Кина бележи раст на бројот на новозаразените четврти ден по ред

Кина во понеделникот забележала повторен раст на бројот на новите случаi на инфекција со коронaвирусот, четврти ден со ред, во текот на најагресивното врaќање на вирусот во оваа земја по повеќе месеци.

Кинеските здравствени власти во вторникот известија дека ден претходно, во понеделникот на 27-ми јули, забележани се нови 68 случаи на зараза со коронавирусот. Со тоа бројот на новозаразените во Кина порасна четврти последователeн ден, а вклучително и првпат во неколку дена има два нови случаи во главниот град Пекинг.

Кина се соочува со најагресивното враќање на болеста Covid-19 по повеќе месеци, по појавата на заразата во оддалечената западна покраина Ксинџијанг-Ујгурија, и одвоеното жариште на североистокот од земјата.

Од новите случаи, 57 се регистрирани во Ксинџијанг, се истакнува во соопштението на Националниот комитет за здравје. Во понеделникот во североисточната покраина Џилин забележани се два нови случаи, први од мај, додека североисточната покраина Лиаонинг известила за шест нови случаи.

Во настојувањата да ја спречат новата епидемија, кинеските власти тестираат милиони луѓе, но вирусот веќе започнал да се шири. Така, два нови случаи се забележани и во Пекинг, што е прва појава на болеста во главниот град по повеќе од три седмици.

До понеделникот во Кина беа потврдени вкупно 83,959 случаи, соопштија зрдавствените власти. Бројот на починатите од Covid-19 и натаму е 4.634 лица.