Кина дозволи извоз на заштитна опрема без одобрение од регулаторите

Кина се откажува од барањето одреден број клучни производи за антивирусна заштита да мора да имаат домашно регулаторно одобрување пред извозот, сѐ додека тие производи не се одобрени во земјите увознички, соопшти во саботата кинеското министерство за трговија.

На тој начин се сака да се олесни извозот и снабдувањето на земјите кои од Кина увезуваат заштитна опрема потребна за справување со коронавируост.

Обврската за одобрување од регулаторите Кина ја воведе кон крајот на март, откако неколку европски земји се пожалија дека тестните сетови од кинеско производство наводно биле неточни, што всушност ги поремети синџирите за снабдување и глобалните напори во справувањето со коронавирусот.

Новата одлука се однесува на производите како што се коронавирусните тестови, медицински заштитни маски, заштитни одела, инфрацрвени топломери и респиратори.

„Земјите може да имаат различни критериуми за лековите и медицинските производи. Приоритет е исполнувањето на барањата во земјите во коишто производите ќе се продаваат, а не каде се произведувааат“, изјави Жанг Шувен, изврешн директор на „Liming Bio-products“, биотехнолошка компанија којашти нуди тестови за коронавирусот наменети за извоз.

Многу држави се обидуваат да набават доволно заштитна опрема за медицинскиот персонал на кој му се заканува инфекција, и тестови со коишто би се утврдело кои лица можат да го напуштат карантинот.