Кина ќе испрати трупи во Русија на воена вежба, додека испраќа авиони над Тајван

Кинеските војници ќе бидат испратени во Русија за да учествуваат на заедничките воени вежби „Исток-2022“ со руските и трупи од други земји, меѓу кои Индија, Белорусија и Таџикистан, соопшти во средата кинеското министерство за одбрана.

Учеството на Кина во заедничките воени вежби „не е поврзано со моменталната меѓународна и регионална ситуација“, се наведува во соопштението од Пекинг.

Овие вежби се дел од билатералниот годишен договор за воена соработка. Слични воени вежби под руско водство во кои учествуваше и Кина се одржуваат редовно последните години, потсетуваат од Пекинг.

„Целта е да се продлабочи практичната и пријателска соработка со војските на земјите учеснички, да се унапреди новото на стратешката соработка меѓу учесниците и да се зајакне способноста за одговори на различни безбедносни закани“, соопшти кинеското министерство за одбрана.

Речиси истовремено Народноослободителната армија на Кина објави дека во правец на Тајван испратила 21 борбен авиони и пет воени бродови.

Во Тајпеј потврдија дека од 17 часот (12 по македонско време) на 17-ти август тајванските вооружени сили регистрирала активности на 21 авион и пет бродови во морето и воздушниот простор на островот.

Се додава дека пет авиони ја минале ткн „средишна линија“ на Тајванскиот теснец, вклучувајќи два ловци „Су-30“, два „Ј-11“ и еден авион за електронско разузнавање „Y-8“. Тајванската војска испратила воздушна патрола да ја следи ситуацијата, и издала радио предупредување, а во готовност се ставени противвоздушни ракетни системи.