Кина е поголема контраразузнавачка закана од Русија, сметаат во FBI

Кина спроведува кампања без преседан за да влијае врз американското јавно мнение во пресрет на изборите на половина од мандатот за Конгресот во номеври и претставува најголемата долгорочна контраразузнавачка закана во САД, се согласија во средата американските безбедносни функционери.

Министерката за Внатрешна (татковинска) безбедност, Кирстен Нилсен, и директорот на Федералното биро за истраги (FBI), Кристофер Вреј, потврдија пред комитетот за безбедност на Сенатот дека Кина се меша во американскиот избори, како и дека претстаува поголема закана во ова сфера и од Русија.

Нилсен рече дека постојат два вида закани кога станува збор за безбедноста на американските избори. Едната се однесува на хакирањето на изборната инфраструктура, како што е избирачкиот список, а втората се однесува на кампањоте чијашто цел е да се влијае врз јавното мнение во САД.

„Кина апсолутно и без преседан се обидува да влијае на мислењето на американската јавност, но засега не сме регистриррале обуд за загрозување на изборната инфраструктура“, изјави министерката Нилсен, којашто воедно е и експерт за кибернетичка безбедност.

Челникот на FBI, пак, оди уште подалеку во својата оцена и рече дека Кина претставува уште поголема закана од Русија.

„Кина на многу начини претставува посеопфатна, посложена и полдогорочна контраразузнавачка закана. Русија се бори да остане релевантна по падот на Советскиот сојуз. Тие ја бијат сегашната битка, а Кина утрешната“, рече Вреј.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.