Кина ќе продолжи да ги прилагодува епидемиолошките мерки

EPA-EFE/STRINGER CHINA OUT

Кина ќе продолжи да ги прилагодува своите мерки за контрола на Covid-19 додека настојува да го минимизира бројот на новите зарази и сериозните случаи, порачаа кинеските власти во саботата, ден по ненадејните најави за ублажување на строгите политики за нулта толеранција на коронавирусот.

Власите ги најавија новите потези, на што позитивно реагираа и глобалните пазари, и покрај најголемиот раст на бројот на заразите од крајот на април, според податоците објавени во саботата, и жариштата во клучните градови како Пекинг, Гуангжу и Чонгчинг.

Попуштањето на мерките во петокот вклучуваат пократок карантин за патниците во внатрешноста на Кина и за оние кои биле во близок контакт со заразени лица. Изолацијата е скратена за два дена, на вкупно осум, при што првите пет дена мора да бидат минат во централизиран објект за карантин.

Строгите кинески епидемиолошки мерки се сметаат за причина за забавување на втората најголема економија во светот, што имајќи ги предвид огромниот број западни компании присутни во нарушените индустриски активности предизвикаа нарушувања на синџирите на набавка и други деловни активности, што се одрази и на глобалните пазари.

„Како што ќе продолжи појавувањето на новите варијанти на вирусот, додека нашето знаење за болеста се продлабочува и епидемиолошката ситуација се менува и дома и во странство, не ја исклучуваме можноста дополнително да ги оптимизираме и прилагодиме нашите мерки за карантин“, изјави во саботата Ванг Липинг, истражувачка во Кинескиот центар за контрола и превенција на болестите, на прес-конференција во Пекинг.

Кина ќе престане да се обидува да ги идентификува „секундарните“ контакти, што е практика поради којашто се релоцирани многу жители на градовите, откако ќе биде потврден некој случај, но ќе продолжи идентификувањето на блиските контакти, соопштија здравствените власти во петокот.

Мерките ќе ги намалат „тесните грла“, вклучително и недостигот од персонал за карантинот и здравствени работници кои би ги откриле контактите, изјави на прес-конференцијата Леи Хаичао, заменик директор на Националната здравствена комисија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.