Кина е решителна да се спротистави на акциите на САД против TikTok и WeChat

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти во петокот дека решително се спротиставува на извршната уредба која во четвртокот ја објави американскиот претседател Домалд Трамп, забранувајќи американски трансакции со кинеските сопственици на апликацијата за размена на пораки и WeChat и апликацијата за размена на куси видео материјали TikTok.

Кина ќе ги брани легитимните права и интереси на кинеските компании, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи Ванг Венин на прес-конференција.

Претставниците на „TikTok“ во петокот изјавија дека се „шокирани“ од извршниот указ на Трамп за забрана на аполикацијата и оти тоа би можело да доведе и до американските судови за да се гарантира дека кон компанијата има чесен однос.

„Ќе ги искористиме сите правни лекови кои ни се достапни за да ја гарантираме примената на законите, како и дека кон нашата компанија и нашите корисници се постапува чесно. Доколку не потапи така американската администрација, постојат американските судови“, се наведува во објавата поставена на интеренет страницата на „TikTok“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот потпиша извршен указ со која на сите американски граѓани им се забранува изведување трансакции со кинеската компанија „ByteDance“ во чијашто сопственост е сѐ попопуларната апликација TikTok, а тој стапува на сила по 45 дена.

Според указот TikTok се смета за „закана“ за американската национална безбедност и се предупредува на автоматско собирање на податоци кои се можни со користење на апликациите.

„Ваквото собирање податоци претставува закана и би можело да ѝ овозможи на Комунистичката партија на Кина пристап до лични и сопственички податоци на Американците. САД мораат да преземат жестоки мерки против сопственикот на TikTok за да ја заштитат својата национална безбедност“, се наведува во указот.

Указот следеше откако американскиот технолошки гигант „Microsoft“ најави дека ја разгледува можноста за купување на американската филијала на активностите на TikTok на компанијата „ ByteDance“, и одреди 45-дневен рок за склучување на зделката. Трамп го поддржа овој предлог.