Кина експериментира со 6G мрежата

Кина започна истражувања на мобилниот интернет од шестата генерација 6-G, соопшти во средата вечерта кинеското министерство за наука и технологија според кое основана е и работната група што ќ́е работи на новата технологија.

„Работната група ја сочинуваат 37 стручни лица од повеќе истражувачки институти и компании. Ова го означува официјалното отпочнување на истражувањата и развојот на 6Г технологијата“, се наведува на интернет-страницата на Министерството.

Периодов, инаку, Кина ја воведе 5G технологијата што овозможува сто пати побрз проток на податоци од постојните 4G мрежи.

Кинеската компанија Хуавеј, која се смета за водечка во светот во поглед на 5G, исто така, е вклучена во истражувањата околу 6G мобилната мрежа.