Кина формира сили за борба со тероризам за да ги заштитува своите интереси во странство

Кина подготвува антитерористички сили што ќе можат да дејствуваат во државата и вон неа, и да ги заштитуваат интересите во странство, изјави висок кинески претставник.

Жанг Ксиаоки, шеф на разузнавањето на Народната оружена полиција, која е дел од кинеската армија, изјави за Синхуа дека формирањето специјални сили е важен дел од целосната воена модернизација.

„Размерот на дејствување на мисијата на специјалните сили се простира од копно до море од татковината до странство.  Треба да работиме засилено на изградба на врвни сили за борба со тероризмот на меѓународен план“, рече Ксиаоки.

Во 2015 година Кина донесе нов закон за борба со тероризмот што дозволува армијата да извршува антитерористички акции во странство. Според експерти, Пекинг е соочен со големи практични и дипломатски проблеми за да ја реализира таа идеја