Кина ги коригираше курсот на јуанот кон доларот на нов минимум во 11 години

(AP Photo/Ng Han Guan)

Централната банка на Кина во петокот повторно ја намали стапката на националната валута јуан на 97 базични поени, односно на ниво од 7,0136 јуани за американски долар, што според статистиката на регулаторот е минималнат вредност од 3-ти април 2008 година.

Намалувањето на курсот на јуанот во однос на доларот се изведува веќе седми работен ден со ред. Првпат по единаесет години ја сруши психолошки ва\ната бариеара од 7,0 јуани за долар.

Како што посочува информативниот портач Itzai, консензуалната прогноза на кинеските економист на крајот од годинава одредува вредност на кинеската вакута од 6,93 јуани за долар, што претставува значително намалување во однос на јули, кога просечната вредност изнесуваше 6,86 јуани за долар.

Во понеделникот американското Министерство за финанси ја обвини Кина дека манипулира со крусот на својата валута и го повика Пекинг да биде потранспарентен по ова прашање. Централната банка на Кина во вторникот соопшти дека одлуката на САД да ја карктеризираат Кина како валутен манипулатор, е неразумно и негативно ќе влијае врз закрепнување на глобалната економија и глобалниот финансиски систем.

На крајот од 2015 година јуано јуанот падна на 6 отсто, а во 2016 година на 6,7 надоместувајќи минимални вредности во осум и пол години. На крајот од 2017 година, јуанот зајакна во однос на американската валута на 6,2 отсто, а во 2018 година на 5,1 отсто.

Тензиите во односните на двете водечки светски економии се зголемија во меѓувреме од стоковата размена и на другите области, вклучително и технологијата, а од неодмана и на политикитите на курсот на кинеската валута. Откако американскиот претседател Доналд Трамп кон крајот на минатата седмица се закани со воведувањето дополонителни царини на кинескиот увеоз, Пекинг на почетокот од седмицава дозволи пад на јуанот преку клучната граница од седум јуани за долар. Во изминатите десет години ја задржуваа неговата вредност на ова ниво. Вашингтон одговори со обвинување дека Пекинг манипулира со курсот за да ја зајакне конкурентноста на домашната економија. Пекинг потоа го запре натамошното слабеење на домашната валута, но пазарите и натаму се вознемирени поради можните последици по американско-кинеските трговски тензии кои влијаат на компаниите на глобално ниво.