Кина ги мина САД според бројот на богатите

Кина првпат досега ги минала Соединетите држави според бројот на најбогатите луѓе, покажуваат податоците објавени во понеделникот од истражувањето спроведено од банката „Credit Suisse“.

Според годишното истражување на светското богатство што го спрповедува швајцарската банка, бројот на државјаните на Кина, кои влегуваат во 10-те проценти од најбогатите луѓе во светот какко доларски милионери, достигнало за 100, а истовремно оваа бројка во САД изнесува 99 милиони.

„И покрај трговските напнатости меѓу САД и Кина во текот на изминатата година, двете земји успеале да натрупаат богатства од 3,8 односно 1,9 трилиони долари“, истакнува во соопштението на Credit Suisse Research Institute.

Истовремено бројот на доларските милијардери во Русија за една година се зголемил од 74 до 110 лица на средината од 2019 година, а бројот на доларските милионери од 172 се искачил на 246 илјади луѓе.

„И покрај скромното ниво на богатство по глава на жител на возрасната популација, во Русија, според процените, има 110 милијардери“, велат од швајцарскиот институт.

По оценките на аналитичарите на Credit Suisse, 10 отсто од најбогатите Руси контролираат 83 отсто од вкупното лично богатво во земјата.

„Овој висок показател, повисок отколку во САД (со 76 отсто), го има едно од највисоките нивоа на концентрација на богатството меѓу развиените земји. Интересно е да се напомене дека Русија е пред Кина според овој показател, каде 10 отсто од најбогатите граѓани учествуваа со 60 отсто од личното богатство во земјата“, се вели во соопштението.

Соединетите држави партиципираат со повеќе од половината од бројката нови милионери – 675.000. Падот на просечното богатство во Австралија, кое во најголем дел се должи на неповолниот девизен курс, резултирал со 124.000 милионери помалку, додека Велика Британија загубила 27.000, а Турција 24.000 милионери.

Според резултатите, вкупниот број доларски милионери е зголемен за 1,1 милион и достигнал до нивото од 46,8 милиони луѓе, во чијшто посед се наоѓаат активи и средства во вредност од 158,3 трилиони долари. Богатството на 55.920 лица надминува 100 милиони долари, а 4.830 луѓе поседуваат активни во вредност од 500 милиони долари и повеќе.

Севкупното светско богатство за една година, од почетокот на јули 2018 до крајот на јуни 2019 година, според процените на Credit Suisse, пораснало за 2,6 отсто на 360,6 трилиони долари, а просечното ниво на богаство по глава на возрасно лице за 1,3 отсто, до 70.850.

Од Credit Suisse CSGN.S. предвидуват дека глобалното богатство, кое се зголемило за 2,6 отсто во текот на изминатата година, ќе се зголеми за 27 отсто во текот на следните пет години, на 459 трилиони американски долари до 2024 година. Бројот на милионерите, исто така, ќе порасне во споменатиот период на речиси 63 милиони.

Спротивно на тоа, учеството на најсиромашните 90 отсто во светот поседуваат само 18 отсто од глобалното богатство, наспроти 11 отсто во 2000 година.

„Иако е рано да се каже дека нееднаквоста во распределбата на светското богатство сега е во надолна фаза, преовладувачките показатели сугерираат дека 2016 година можеби ќе биде пикот во блиска иднина“, се вели во извештајот.