Кина ги отфрла „клеветничките“ обвинувања од САД за шпионажа

Кинеското министерство за надворешни работи објави во петокот дека „решително ги негира клеветничките“ обвинувања од САД и другите американски сојузници кои го критикуваат Пекинг за економска шпионажа, повикувајќи го притоа Вашингтон да ги повлече обвинувањата.

САД воедно би требало да ги повлечат обвиненијата за двајцата кинески државјани, истакнува кинеската дипломатија, додавајќи дека Кина никога не учествувала или поддржувала кражба на економски тајни.

„Ги повикуваме САД веднаш да ги поправат своите грешки и да ги запрат клеветничките напади во врска со безбедноста на интернет“, се наведува во кинеското соопштени во коешто се додава и дека земјата ќе повлече одредени потези за да ја осигури сопствената кибернетичка бебедност и интересите.

Министерството воедно додава и дека веќе е долго „општопозната тајна“ дека агенциите на американската влада ги хакираат и прислушуваат странските влади, компании и поединци, алудирајќи на глобалната афера којашто пред повеќе години ја обелодени поранешниот американски разунавачки аналитичар Едвард Сноуден.

„Неоправданите американски критики на сметка на Кина во име на таканаречената ’кибернетичка кражба’ се самозалажување, каде што се обвинуваат додека всушност ти си виновникот. Тоа за Кина целосно е неприфатливо“, порачува кинеската дипломатија.

САД обвинија во четвртокот двајца Кинези за големата хакерска кампања, изведена наводно по нарачка на кинеската влада против 45 компании во 12 земји, се наведува во соопштение од американското министерство за правда. Обвинети се Жу Хуа и Жанг Шилог, дека биле дел од групата позната како APT10, којашто американските власти функционирала од Кина, во соработка со кинеското министерство за државна безбедност. Од 2006 до 2018 година, групата упаднала во кумпјутерите на 45 фирми во 12 држави со цел да украде доверливи податоци и индустриски тајни, се појаснува во соопштението.

Во меѓувреме, Велика Британија информира дека се присоединува кон сојузниците во барањето одговор од кинеската влада за глобалната хакерска кампања, насочена кон фирми во Европа, Азија и САД. Британската вада наведе дека групата APT10 дејствувала во име на кинеската влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.