Кина ги отфрла обвинувањата од САД за хакирање на истражувањата за коронавирусот

Кинеската дипломатија во вторникот ги отфрли медиумските извештаи според кои наводно кинески хакери поврзани со владата во Пекинг се обидуваат да украдат податоци за истражувањата на вакцина против коронавирусот.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Жао Лиџијанг ги отфрли американските обвинувања, наведувајќи дека Кина цврсто се спротиставува на секакви хакерски напади.

„Ние сме водечки во светот во поглед на развој на вакцината и лекувањето на Covid-19. Неморално е да се напаѓа Кина со шпекулации и клевети без никаков доказ“, изјави Жао.

Американското Федерално биро за истраги (FBI) и стручњаци за информатичка сигурноста при Министетрството за внатрешна безбедност на САД веруваат дека кинески хакери се обидуваат да украдат информации од истражувањата за развој на вакцина против новиот коронавирус, имаат намера за тоа во скоро време да објават предупредување, објавија претходно во понеделникот весниците Wall Street Journal и New York Times.

Американското предупредување, коешто наводно би требало да уследи, би било уште едно во низата извештаи во кои сепак без докази се обвинуваат хакери коишто наводно ги поддржуваат владите во Иран, Северна Кореја, Русија и Кина, за активности поврзани со пандемијата од коронавирусот, од наводно објави на лажни вести до напади на поедини научници.

Според весниците, во актуелниот момент додека владите во светот и приватни компании се тркаат во развојот на препарати за лекување на Covid-19, хакерите, исто така, се обидувале да дојдат до информации и интелектуална сопственост поврзана со лекувањето и теситрањата за коронавирусот.

Според медиумските написи, американските неименувани функционери тврдат дека хакерите се поврзани со кинеската влада. Официјално соопштение во врска со тоа „би можело“ да следува во текот на следните неколку дена, пишуваат весниците. Запрашан во понеделникот за овие медиумски извештаи, американскиот претседател Доналд Трамп не го потврди но одговори дека „тука нема ништо ново“ во врска со ткн „кинески хакирања“, но порача дека „многу внимателно го следиме тоа“.

Според написот објавен во The New York Times, тоа би можело да биде вовед во „контранапад“ од страна на американските агенции кои се вклучени во кубернетичката војна. Се потсетува и дека минатата седмица во заедничка изјава САД и Велика Британија предупредиле на пораст на кибернетичките нападо врз здравствени стручњаци, тела и организации кои се занимаваат со истражувања за короанвирусот, наведувајќи дека во тоа се вклучени организирани криминалци „често поврзани со структурите на друга држава“.