Кина ги пополнува стратешките резерви со иранска нафта

Кина изминатите неколку седмици додала речиси четири милиони барели иранска нафта во резервоарите на државните стратешки резерви во пристаништетот Жанџијанг, тврдат за Reuters извори и експерти за следење на бродските испораки од „Vortexа Analytics“.

Иран е четврти во светот според докажаните резерви од нафта и главно се потпира на приходите од нејзината продажба, но поради повторно воведените американски санкции во 2018 година нејзиниот извоз е многу ограничен.

Кина досега ја увезуваше иранската нафта тивко и пратките не биле забележливи во официјалните царински податоци, бидејќи купувачите стравувале од консеквенците од американските санкци, забележува Reuters. Кинеската царина, пак, сега извести за увоз на иранска сирова нафта првпат по една година.

Така, ланскиот декември Кина, според податоците на царинската управа, увезла 260.312 тони, односно 1,9 милиони барели, иранска сирова нафта или двојно повеќе отколку на крајот од претходната 2020 година. Пратката, според тврдењата на висок трговски извор, е впумпана во складишата за државни резерви во Жанџијанг кон крајот на декември.

Следела уште една испорака со сличен обем, којашто исто така била истоварена во Жанџијанг, според стручњаците за следење на бродските испораки од „Vortexа Analytics“.

Кинеското полнење на стратешките резерви од нафта временски се совпадна со планираниот пласман на пазарот на нафта од резервите во редок случај на координација со САД чијашто цел е зауздување на високите цени на нафтата на светските пазари кои ѝ носат и зголемени приходи на Русија.

Од иранското министерство за нафта не биле достапни за коментар за кинеските купувања на енергенсот, но висок фунцкионер од министерството под услови за анонимност рекол за Reuters дека ја известиле јавноста за остар раст на извозот на нафта.

„Не откриваме за кои земји станува збор поради американските санкции, но Кина спаѓа меѓу земјите коишто ја купуваат иранската нафта. Тоа покажува дека санкциите станале неефикасни“, рекол неименуваниот соговорник на агенцијата.

Кинеската национална управа за храна и стратешки резерви, исто така, не била веднаш достапна за коментари.

Од американското министерство за надворешни работи, пак, во одговорот истакнале дека санкциите на САД остануваат на сила и дека ќе бидат спроведувани, иако во Вашингтон сметале дека „дипломатијата е најдобриот начин за решавање на овој проблем“.

„Познато ни е дека кинеските компании купуваат иранска нафта. Ги користевме нашите тела за сакнции за да одоговорните на избегнувањето на санкциите против Иран, вклучително и оние кои работат со Кина, и ќе го правиме тоа и натаму доколку биде потребно. Но со Кинезите дипломатски разговараме за овој проблем во рамките на нашиот дијалог за политиката кон Иран и, начелно, сметаме дека тое е ефикасен пат за решавање на нашите приговори“, рекол за Reuters портпарол на американското министерство кој сакал да остане анонимен.