Кина ги повика САД да ги запрат испораките на оружје за Украина

Доколку Соединетите држави навистина се загрижени за украинскиот народ, тие треба да престанат со испорачување на оружјето, изјави во понеделникот на редовниот брифинг во кинеското министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

„САД се главниот иницијатор и главната движечка сила на украинската криза, тие континуирано и доставуваат тешко и офанзивно оружје на Украина, продолжувајќи го конфликтот и правејќи го прави поинтензивен“, рече Мао Нинг.

Го повика Вашингтон „да престане да профитира од војната“ и „одговорно да придонесе за деескалација“ на конфликтот, да создаде услови за мировни преговори на „заинтересираните страни“.

Претходно во понеделникот рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во интервју за агенцијата РИА изјави дека Москва го смета Вашингтон за „главен диригент“ и „главен ползувач“ од украинската криза. Според него, САД ја сметаат Украина како полигон за тестирање на производството од својот воено-индустриски комплекс и ги тестираат оружје за „спротиставување на руското оружје“.