Кина ги предупреди САД дека му испраќаат „опасни сигнали“ на Тајван

Кина уште еднаш во текот на седмицава ги предупреди САД дека му испраќаат „многу погрешни, опасни сигнали“ на Тајван откако американскиот државен секретар на својот кинески колега во петокот дека за одржување на мирот и стабилноста на островот кој Пекинг го смета за своја одметната покраина е од животна важност.

Ситуацијата околу Тајван била во центарот на 90-минутните „директни и искрени“ разговори меѓу државниот секретар Ентони Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, изјавил за новинарите американски функционер кој сакал да остане неименуван.

„Од наша стана, државниот секретар јасно рече дека, во согласност со нашата долготрајна политика на ‘Една Кина’, која не се променила, одржување на мирот и стабилноста во (Тајванскиот) теснецот се од витална важност“, рекол американскиот функционер.

Кинеското министерство за надворешни работи во соопштението за средбата, предупредува дека САД му „испраќаат погрешни, опасни сигнали“ на Тајван, како и дек колку тајванските активности кон независност се поотворени, толку е помалку веројатно дека ќе дојде до мирно решение.

„Прашањето на Тајван е внатрешна кинеска работа и САД немаат право да се мешаат во тоа кој метод ќе биде користен за неговото решение“, го цитира министерството зборовите кои Ванг му ги кажал на Блинкен.

Ситуацијата околу Тајван ескалираше во август откако Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, го посети Тајпеј. Како одговор, Пекинг започна големи воени вежби во близина на брегот на островот, воведе санкции за две тајвански фондации, самата Пелоси и нејзините роднини и презеде други мерки. Кинеското Министерство за надворешни работи одговорноста за сите негативни последици ја префрли на Вашингтон и Тајпеј. Кина не го признава суверенитетот на Тајван, го смета за своја провинција и категорично се противи на нејзините контакти со официјални лица и војска од други земји.

Потоа следеше изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, дека САД ќе го бранат Тајван, на што Пекинг првпат го предупреди Вашингтон дека на Тајпеј му даваат „лажни сигнали“.

Изјавата на Бајден беше најексплицитната изјава од САД за испраќање американски сили на Тајван поради спротиставување на Кина. Тоа е отклонување од долгогодишната американска политика на „стратешка двосмисленост“ која не навестува дека САД воено би одговориле на напад врз островот.

Во подоцнежното појаснување на изјавата на Бајден, Белата куќа инсистираше дека американската политика кон Тајван не е променета.

Во телефонскиот разговор со Бајден во јули, кинескиот претседател Кси Џинпинг предупреди на Тајван, велејќи дека „оние кои си играат со оган, од оган и ќе страдаат“.

Пред две седмици телевизијата CNN, повикувајќи се на заменикот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Дејвид Коен, објави дека кинескиот претседател Кси наводно му дал инструкциите на воениот врв да разработи стратегија за воспоставување воена контрола над Тајван до 2027 година.

Тајванската влада остро се противи на барањата на Пекинг и вели дека за иднината на островот може да решаваат само 23-те милиони негови жители.

Тајванското министерство за надворешни работи, реагирајќи на состанокот меѓу Блинкен и Ванг, рече дека „неодамнешните провокативни акции на Кина“ го направиле Тајванскиот теснец центар на дискусии, а оти Кина се обидува „да ја збуни меѓународната јавност со тврдења кои се во спротивност со стварноста“.