Кина ги тестираше на Covid-19 сите 10 милиони жители на еден град за неколку дена

Кинескиот град Чингдао тестираше речиси 10 милиони луѓе на новиот коронавирус за само неколку дена откако се појавил кластер на инфекции, соопштија локалните служби во четвртокот.

Во текот на изминатиот викенд беа откриен 13 случаи на коронаинфекции во Чингдао, и сите биле поврзани со локалната болница.

Биле собрани 9,94 милиони примероци, од кои 7,6 милиони се обработени до четвртокот утротот. Здравствените власти го примениле методот „здружување на примероци“, што значи дека собирале поедини примероци и ги обработувале по 10 одеднаш во еден тест на нуклеинска киселина. Кога резултатот би бил позитивен, сите 10 жители би биле повикани да направат индивидуални тестови на нуклеинска киселина на вирусот, појасни здравствениот комитет на Чингдао.

Луѓето од другите краеви на Кина, кои неодамна патувале во Чингдао во текот на периодот на ткн „златна седмица“ кој заврши на 8-ми октомври, денот на формирањето на Кина и празник на есента кој започнува на 1-ви октомври кога градот го посетиле над 4,7 милиони туристи од другите кинески региони, исто така, на барање на работодавачите или локалните комитети за здравство спровеле тестови на нуклеинска киселина.

Претседателот на здравтствениот комитет на Чингдао, Суи Женхуа, е суспендиран поради повторното ширње на вирусот, пренесе службената новинска агенција Xinhua.

Освен кластерот во Чингдао, Кина изминатите седмица забележала само зарази со коронавирусот од странство. Со следењето на вирусот, ставањето на милионските градови во каранти и забраните за влез во земјата, кинеските власти го ставија под контрола ширењето на коронавирусот. Бројот на лицата заразени со коронавирусот од декември 2019 година кога се појави во 14-милионскиот град Вухан во централната покраина Хубеи изнесува 91.359, од кои 94,31 отсто биле излекувани, а вкупно 4.634 луѓе починале.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.