Кина го тестираше најголемиот хидроплан на светот (ВИДЕО)

(© Liang Xu/Xinhua)

Кинескиот амфибиски авион со ознаката „АГ600“, кој е најголемиот од овој вид во светот а е дизајниран за гасење шумски пожари и превоз на спасувачи на море а може и да служи и за надзор и заштита на море, успешно го извршил во саботата својот тест јужно од градот Жуаи, пренесуваат медиумите повикувајќи се на Кинеската корпорација за авионско инженерство (AVIC).

„Првите тестови на копно се минати, што покажува на основната подготвеност за летачките способности за остварување на првиот лет“, информираа од корпорацијата. Првиот лет на „AG600“ над копното ќе се случи во мај, а во втората половина од годината хидропланот ќе биде тестиран над водна површина.

(@ChinaPlusNews)
(@ChinaPlusNews)

Авионот „AG600“ е конструиран од стручњаците на AVIC, и основната намена му е за потребите на цивилното воздухопловство. Но, исто така, се смета дека може да биде користен и за потребите на кинеските вооружени сили за патролирање на море.

Максималната маса на полетување на „AG600“ изнесува 53,5 тони. Може да развие брзина до 500 километри на час, долетот изнесува 4.500 километри, а максималното времетраење на летот изнесува 12 часа. Авионот е долг 36,9 метри, а распонот на крилата изнесува 38,8 метри. Може да полета и да слета како на вообичаените писти, така и од водна површина.

За само 20 секунди „AG600“ може да собере до 12 тони вода, вкупно може да понесе до 370 тони течности без дополнувања. Авионот има и патничка и товарна модификација.

Во моментов овој авион амфибија се смета за најголемиот во светот. Претходно беше објавено дека се примени најмалку 17 нарачки за ова летало.

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=1XUKYwACQv4