Кина го забрани „Бинг“

Кина го блокира пребарувачот „Бинг“ на Мајкрософт, објави „Њујорк тајмс“.

Тоа беше последниот странски пребарувач кој работеше во земјата, иако имаше цензурирани и умерени резултати од страна на компанијата за да ги следи барањата, пишува весникот.

Досега нема информации за причината за одлуката на кинеските власти и дали тоа е привремено или трајно блокирање.

Според „Фајненшл тајмс“, блокирањето го наредила Владата на локалниот државен телекомуникациски оператор Чајна Јуником/China Unicom.

Одлуката се смета за изненадувачкa, бидејќи „Мајкрософт“ генерално е во добри односи со кинеските власти.